Со користење на услугите овозможени од страна на Урнебес Хост вие без ограничување се согласувате со правилата и условите истакнати во понатамошниот текст. Ве молиме внимателно прочитајте ги овие условивбидејќи истите ги истакнуваат вашите права, обврски и ограничувања.

1. Приватност - Вашите податоци за нас претставуваат строго доверливи, лични податоци. Во никој случај вашите лични податоци нема да бидат заменети, дадени на трети лица или злоупотребени.

2. Спам - Урнебес Хост најстрого забранува секаков вид на спамирање односно испраќање на одеднаш голем број на несакaни е-маил пораки. Забрането е испраќање на е-маил пораки кои содржат расистичка, криминалистичка, терористичка, напаѓачка и навредлива содржина. Доколку се забележи спамирање веднаш акаунтот без предупредување ќе биде суспендиран или избришан без враќање на уплатената сума.

3. Валидни информации – При користење на нашите услуги вие сте должни да ни доставете валидни, точни податоци за вас или доколку дојде до промена на некои податоци кои се евидентирани кај нас обврзани сте да не известете за промената. Податоците се од голема важност пред се да се избегне злоупотребата од трети лица при користење на некои од нашите услуги.

4. Тест период - Урнебес Хост на сите заинтересирани потенциалнки клиенти може да им креира тест акаунт во времетраење од 30 дена на Shared I Resell паkетите. Тест периодот е поделен во период од по 15 дена и тоа првично се доделуваат 15 дена а пред истекот корисникот потребно е да испрати барање за дополнителни 15 дена тест период и во истото барање да наведи реални причини за потребата од подолг тест период.

5. Нов акаунт - По уплатата за користење на услугата или по добивањето на статус наш клиент ке ви испратеме инструкции за користење на услугите. Ќе ви бидат испратени корисничко име и лозинка која треба се чува строго доверливо за да не дојде до злоупотреба. Само вие одговарате за вашиот акаунт. Ако забележете сомнителни активности поврзан со вашиот акаунтот потребно е да не известете по е-маил на нашата маил адреса: info@urnebes.com.mk

6. Регистрација на домен – Периодот потребен за регистрацијата на домените е различен. Интернационалните домени се регистрираат од 12-48 часа по извршената уплата. Додека домените со наставка .mk се регистрираат во рок од 2-7 дена по извршената уплата.

7. Содржина - Урнебес Хост се согласува да прифати порногравска содржина доколку ги задоволуваат законските норми на пр: содржините да не вклучуваат материали од лица помали од осумнаесет (18) год, и порнографските содржини да бидат наменети за лица над осумнаесет (18) години. Клиентите пред објавување на содржините на порногравскиот материал должни се да го проверат изворот како и податоците за истите. Нема да толерираме расизам, насилни, злобни, непристојни содржини, навреда на одредена вера. Не е дозволено хостирање на сајт кој содржи сродни веб сајтови на терористичка мрежа. Доколку и др лица имаат пристап до вашиот сајт за одговорен ќе се смета оној на кој гласи хостинг акаунтот. Како клиент на Урнебес Хост се обврзувате дека нема да објавувате нелегална содржина, содржина која ги нарушува авторските права, исто така се обврзувате дека нема да вршете никоаков вид на илегална трговија. При затекнување на илегална содржина клиентот се обврзува истата да ја одстрани во најбрз временски период, доколку таквата содржина не ја одстрани во дадениот временски период Урнебес Хост го задржува правото да го суспендира клиентот без претходно известувања.

8. Обврски - Вие се согласувате дека нема да собирате и загрозувате доверливитe информации на другите корисници на серверите на Урнебес Хост како и на лице од Урнебес Хост или друга организација. Вие се обврзувате да ги почитувате правата на приватност на Урнебес Хост на останатите клиенти на Урнебес Хост и сите инволвирани страни, се согласувате дека во никој случај нема да се обидете недозволено да приистапете до доверливите информации на останатите корисници или Урнебес Хост. Урнебес хост не дава никакво ветување во врска со вашите услуги кои ги нудете на вашата веб страна и ние не сме виновни доколку вашиот план не е успешен и не сме одговорни за некој ваш спор со некој ваш клиент.

9. Уплата - Вие сте должни за извршената услуга од наша страна да уплатето во определениот рок. За хостинг и реселл пакетите должни сте да се изврши плаќањето во рок од 3(три) дена по направената нарачка. За VPS и Dedicated и веб домените плаќањето се врши пред активирање на услугата. Доколку во определениот временски период не се изврши уплатата услугата од наша страна ќе биде деактивирана. До 3 дена доколку не добиеме никаква уплата од ваша страна го суспендираме акаунтот, ваквиот статус акаунтот го има 7 дена, а по истекот од 7 дена комплетно го бришеме хостинг акаунтот.

10. Надминувања - Нашите хостинг пакети се креирани така да имаат доволни ресурси и да одговараат на потребите на нашите клиенти. Но може да се случе да дојде до трошење на веб просторот или трансферот неочекувано. Ние во никој случај нема веднаш да го суспендираме вашиот сајт или веднаш да наплатеме. Ние ќе ви испратеме e-mail во која ќе известеме дека вашиот сообраќај или простор е на 80 %. Доколку не добиеме повратен одговор со надминување на лимитот вашиот сајт можно е да биде суспендиран. Но доколку одговорете на маилот и го надоградете до наредниот пакет вашиот пакет ќе биде веднаш надограден до пакетот кој има повеќе ресурси или кој вие го сакате.

11. Откажување на услугата - Доколку од било која причина сакате да ја откажете нашата услуга должни сте да не известите за тоа најмалку 5 дена пред истекот на услугата. Доколку не не известите а сакате да ја откажете услугата но времето за откажување е поминато тогаш должни сте да уплатете за нејзино продолжување.

12. Подршка - Урнебес Хост со цел на своите клиенти им обезбедува поддршка за било какви информации (поврзани со услугите кои се нудат) и тоа 24часа, 7дена во неделата. Тимот задолжен за поддршка можете да го добиете на маил, телефонски или пак преку online системот поставен на нашиот сајт или преку информациите објавени на нашиот веб сајт.

13. Заштита на податоци - Урнебес хост користи RAID 10 заштита на податоци на сите линукс хостинг, реселл и впс сервери. На сите останти сервери секористи минимално RAID1 заштита. Урнебес Хост прави дополнително offline неделен бекап како дополнителна заштита доколку дојде до губене на податоците. Но сепак Урнебес Хост НЕ Е одговорен за изгубените податоци, поради погрешен бекап или пак доколку воопшто не сте направиле бекап на вашиот сајт. Наша препорака е редовно да правете бекап на вашиот сајт!

14. Преоптеретувања - Вие се согласувате нема да ги користете услугите за дистрибуција или складирање на скрипти кодови и др вид злонамерен софтвер кој може да доведе до создавање на хардверски и софтверски грешки , да ја намали брзината на работење на серверот или неговата конекција. Или на друг начин да ја загрози сигурноста на системите на Урнебес Хост корисниците или други лица и организации.
Секој веб сајт троши ресурси како што се процесор, меморија, мрежни ресурси. Доколку вашиот сајт е хостиран на shared или resell хостинг план тогаш ние не толелираме злоупотреба, надминување односно оптеретување на ресурсите на серверот од страна на еден акаунт во однос на останатите акаунти на истиот сервер. Ресурсите на еден shared или resell сервер мора да бидат распоредени за сите корисници еднакво, така што се ограничува користењето на процесорот и рам меморијата. Прекумерното користење на процесорот и меморијата на еден или повеќе корисници доведува до екстремно забавување на MySQL, E-mail, HTTP и друго. Доколку дојде до оптеретување на серверот од страна на еден акаунт можно е да дојде деактивирање на акаунтот без претходно известување. Нашиот технички тим може но не е обврзан да помогне во одстранување на проблемот со сајтот кој го оптеретува серверот. Доколку сепак одреден акаунт има потреба од повеке ресурси како што се рам и процесор тогаш неопходно е да се надогради до VPS или Dedicated сервер односно до пакет кој нуди гарантирани ресурси на рам и процесор.

Ограничувања:

Овие ограничувања под точка 14 НЕ ВАЖАТ за ВПС и ДЕДИКЕЈТЕД серверите! Дополнително постојат и останати исклучоци од овие правила!

15. Измени - Урнебес Хост има правото да ги измени, додаде, избриши одредени одредби од условите за користење без за тоа да бидат известени корисниците. Доколку се променат условите корисникот треба да ги прифати новите услови или пак да се придржува на претходните се додека не истечи уплатениот период. Урнебес Хост без да ги извести корисниците може да ги суспендира, исклучи или ги ограничи корисниците кои нема да се придржуваат кон условите за користење или некои од законите. Доколку се води истрага и помогне при решавање на постапката кај некој Надлежен орган за некој наш корисник по барање на некои од Владините служби можеме да им ги доставеме личните податоците за тоа лице. Урнебес Хост нема да го сметате за одговорен.

  • Никола

    Како корисник на услугите на урнебес хост во иззминатите неколку месеци сум презадоволен. За разлика од останатите хостинг компании серверите се многу сстабилни а брзината е со ссупер квалитет. (warezmk.info)

  • Бернард Дебси

    Задоволен сум од услугата. Страната е стабилна, домејнот беше регистриран во најбрзо време, а персоналот е секогаш подготвен за поддршка... Соработката со Урнебес Хост е успешна и најсрдечно ги препорачувам... (moto-touring.mk)

  • Владе Димитров

    Нашето искуство со нив е на солидно ниво. Со УрнебесХост, БидиЗдрав никогаш не бил недостапен. Брзи и стабилни сервери, пристапни цени и пред се кога соработуваме со техничката подршка тие се секогаш тука да одговорат на нашите прашања! (bidizdrav.com)

  • Зонелс Кичево

    Тргнувајќи од досегашната успешна соработка и потполната доверба која ја имаме кон вас ви се заблагоаруваме а вашата мисија за понуда на квалитетни и професионални веб хостинг услуги во потполност ја поддржуваме. (kicevo.net)

  • Милан Пецов

    Хостингот на urnebes.com.mk ги надмина нашите очекувања, а нивната техничка поддршка ни овозможи брзо и лесно надминување на потенцијалните проблеми! Задоволни сме и ќе продолжиме со соработката. (www.tutoriali.com.mk)

Профили

http://twitter.com/urnebes

http://facebook.com/urnebes

Хостираат кај нас: